top of page

Професионални онлајн преведувачки услуги

Macedonian

TranslationServices.com ви нуди професионален превод на секој јазик, за секоја тема. Нашиот извонреден тим има преведено илјадници документи кои резултираа со задоволни клиенти во Скопје, Битола, Куманово, но и во светски рамки. Независно дали ви треба превод на / од македонски, англиски, хинди, шпански, или кинески јазик, го имате нашиот збор дека вашиот проект ќе биде преведен по највисоки стандарди.


Исконтактирајте нѐ за нашите цени.


Што ви нудиме?


TranslationServices.com на своите клиенти, независно дали се тоа бизниси, автори, или академици, им нуди преводи од исклучителен квалитет. Освен преводите на македонски јазик, нашиот докажан тим редовно врши преводи на повеќе од 100 јазици. Ние ви нудиме:

 

  • Академски преводи. Вршиме преводи по прифатливи цени, независно од темата, од македонски на англиски јазик, од македонски на германски јазик, од македонски на јапонски јазик, и на многу други јазици.

 

  • Бизнис преводи. Дали сакате вашиот каталог да биде преведен од македонски на англиски, или на друг јазик? Ние ви нудиме бизнис преведувачки услуги за правилници за човечки ресурси, описи на производи, и други бизнис и маркетинг содржини.

 

  • Книжевни преводи. Дали сте подготвени да го зголемите бројот на интернационални читатели? Преведуваме книги од речиси секој жанр - од романи, до научно-фантастични ракописи, и мемоари. Нашите книжевни преведувачи вложуваат огромен труд за да се избегне буквален превод, истовремено зачувувајќи го вашиот тон и стил.

 

  • Медицински преводи. Ние лично не ги вршиме овие преводи. Но, соработуваме со фирма посветена на медицински преводи која брзо и прецизно преведува белешки, медицински извештаи, разговори со пациенти, како и други медицински документи од / на македонски јазик.

 

  • Правни преводи. Соработуваме со фирма за правни преводи која го има потребното искуство и вештини за преведување на вашите писма за намери, заклетви, имотни листови, политики на приватност, и други правни документи. Можете секогаш да сметате на професионалноста и доверливоста на нашиот партнер за правни преводи.

 

  • Овластени преводи. Изберете ја оваа услуга доколку ви е потребен превод од македонски јазик на академски препис, потврда за брак или развод, или друг важен документ кој би го користеле за имиграција или други слични цели.

 

  • Локализација. Планирате да се пробиете на меѓународниот пазар? Ние можеме да ви помогнеме во прилагодување на вашата содржина на соодветните држави и региони.

 

  • Преводи на филмови. Македонскиот јазик во вашите филмови можеме да го преведеме на други јазици, како што се италијански, португалски, и виетнамски јазик.

 

  • Општи преводи. Дали имате документ на македонски јазик за кој ви е потребен превод по итна постапка? Преведуваме сѐ што ќе посакате, по прифатливи цени и доследно, па затоа слободно исконтактирајте нѐ околу вашите преведувачки потреби.

 


Кои сме ние?


Преведувачите кои работат за TranslationServices.com се целосно квалификувани професионалци со докажано искуство и феноменална посветеност кон најситните детали. Нашите македонски преведувачи се обучени во разни теми, што значи дека секој проект се доделува на соодветниот член. Едноставно кажано, ние ви ги нудиме најдобрите преведувачки услуги во Скопје, Битола, Куманово, и други градови.


Зошто да нѐ изберете нас?

 

  • Нудиме прифатливи и доследни бизнис, академски, и книжевни преводи по секој предмет или жанр.

  • Професионални човечки-создадени преводи на секој јазик, за секоја тема.

  • За разлика од другите преведувачки компании, ние не вршиме компјутерски преводи; секој проект се доделува на членови на нашиот искусен тим.


Горди сме на високите стандарди за квалитет кои ги поставија нашите професионални преведувачи, и ви гарантираме дека ќе бидете задоволни од нашата работа.


Исконтактирајте нѐ за нашите цени.

bottom of page